Ekipa
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ДАРАМСАЛА (AA) - Индијските војници и спасувачи извлекоа тела на шест лица од два автобуси закопани во кал, по свлечиштата што се случија како последица на монсунските дождови во северниот дел на Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица соопштија дека свлечиштето се активирало денес во селото Урла, во државата Химачал Прадеш, и дека потрупало дел од автопатот, два автобуса и најмалку три автомобили.
Истовремено, неколку куќи се поплавени како последица на обилните врнежи што ја погодија областа во подножјето на Хималаите.
Поплавите и свлечиштата се честа појава во тоа подрачје по монсунските сезони кои траат од јуни до септември.