Emrah Oktay
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Новиот тип коронавирус се појави и во професионалниот турски фудбалски клуб Бешикташ, во кој со вирусот се заразени осуммина фудбалери, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Резултатите покажаа дека осум лица се позитивни на Ковид-19“, потврдија од Бешикташ, откако сите нивни играчи, технички персонал и вработени во клубот, во објектот за обука на „Блек Иглс“, вчера биле тестирани по вторпат.
Турскиот фудбалски клуб не ги откри имињата на заразените поради нивна приватност.
Локалните фудбалски лиги во Турција, кои се суспендирани од март, треба да продолжат следниот месец.
Паузираните врвни натпревари во Супер лигата ќе се вратат на 12 јуни.
Вкупниот број на случаи заразени со Ковид-19 во Турција достигна 143.114.