Kasım İleri
11 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД), дел од фондот наменет за поддршка на авганистанската војска ќе го користат за изградба на ѕидот долж границата со Мексико, потврдено е од Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Пентагон, Том Кросон, во пишана изјава наведе дека се обезбедени средства во вредност од 1,5 милијарда долари, кои ќе бидат потрошени за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Американските медиуми, повикувајќи се на американските официјални претставници, објавија дека 600 милиони од споменатите 1,5 милијарда долари се обезбедени од фондот на Пентагон кој бил наменет за поддршка на војската на Авганистан.
Вршителот на должност шеф на Пентагон, Патрик Шанахан, на прес-конференцијата не ја потврди информацијата за износот на средствата, но изјави дека еден дел е издвоен од програмите кои биле наменети за Авганистан.