Muhammet İkbal Arslan,Emre Aytekin
11 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнатсаканјан, направи скандалозна грешка, кога, сакајќи да се присети на ерменските војници кои во Втората светска војна се бореа во редовите на Советската армија, сподели фотографија од ерменската милиција која соработувала со нацистите, јавува Anadolu Agency (AA).
Мнатсаканјан, по повод одбележувањето на 74 години од победата над фашизмот, завршувањето на Втората светска војна и поразот на нацистичка Германија, на Твитер сподели порака во која напиша како денеска се присетува на Ерменците кои чесно се бореле и придонеле за победата на советската војска.
Во текстот немало проблеми, меѓутоа, фотографијата која ерменскиот министер ја приложил со текст не припаѓала на ерменската војска, туку на милицијата која заедно со германските единици се борела против Советската армија.
Во предниот дел на фотографијата можат да се видат германски офицери, додека зад нив припадници на ерменската милиција изведуваат народни игри.
Мнатсаканјан ја забележал грешката која ја направил, брзо потоа ја отстранил фотографијата од Твитер и споделил нови фотографии со порака по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.