Ekipa
12 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ГАЗА (АА) - Палестинското движење Хамас истакна дека Катар вложува големи напори за укинување на израелската блокада во Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Хамас, претседателот на политичкото биро, Исмаил Ханије, телефонски разговарал со катарскиот емир Темим бин Хамад ал Тани.
„Катар вложува големи напори за укинување на израелската блокада. Катарскиот емир нагласи дека вложуваат напори за олеснување на состојбата на населението во Појасот Газа, укинување на блокадата и обезбедување на единството, и дека ги поддржуваат правата и каузата на палестинскиот народ“, се наведува во ова соопштение.
Хамас нагласува дека Ханије упатил благодарност до катарскиот емир Ал Тани, поради обезбедувањето 480 милиони долари помош на палестинскиот народ во Западниот Брег и Појасот Газа, и дека оваа помош го зајакнува единството.
Катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамад ал Тани, даде инструкции за обезбедување 480 милиони долари за помагање на палестинскиот народ кој живее во окупираниот Западен Брег и во Појасот Газа кој е под блокада.
Администрацијата на Доха од 2007 досега реализира хуманитарни активности, со цел олеснување на хуманитарните проблеми во Појасот Газа.