Aydoğan Kalabalık
17 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
КАИРО (АА) - Во Египет е одбележана 150-годишнината од отворањето на Суецкиот Канал, јавува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата на Управата за раководење со Суецкиот Канал објавена е изјавата на директорот Осама Рабие, дадена на церемонијата по повод 150-годишнината од отворањето на Каналот, во која тој информира за бродскиот сообраќај што се одвивал низ Каналот во целиот тој период.
Тој во изјавата истакнал дека низ Каналот во период од 150 години минале повеќе од 1.300.000 бродови, при што е остварен приход од 135,6 милијарди долари.
Директорот Рабие појаснил дека во последните неколку години е остварена добивка од 6 милијарди долари, а од 2018 година досега низ Каналот минале повеќе од 19.000 бродови.
На церемонијата присуствуваа голем број египетски официјални лица и претставници на странските мисии во Египет.
Суецкиот Канал за бродски сообраќај е отворен на 17 ноември 1869 година. На неговата изградба работеа повеќе од 1 милион луѓе. Каналот е долг 193 километри и ги соединува Средоземното Море и Црвеното Море, и има ширина од 220 метри и длабочина од 24 метри.