Sayed Khodaberdi Sadat
12 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
КАБУЛ (АА) - Пет рудари го загубија животот, а петмина се повредени како резултат на одрон во рудникот за злато во областа Рагистан во провинцијата Бадахшан, во североисточен Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Бадахшан, Ник Мухамед Назари, во изјавата за медиумите истакна дека настанал одрон во рудникот за злато во областа Рагистан, додека рударите биле на своите работни задачи.
Според првичните информации, 5 рудари го загубиле животот, а 5 рудари се повредени.
Портпаролот Назари, исто така, рече дека 35 рудари сè уште се наоѓаат под одронот и дека активностите за пребарување и спасување продолжуваат.
Во јануари оваа година 30 рудари ги загубија животите како резултат на одрон во рудникот за злато во областа Кохастан, во провинцијата Бадахшан.