Ekip?
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, се изјасни по повод изгласаната резолуција на германскиот федерален парламент (Бундестаг) за наводните настани од 1915 година во Турција да бидат прогласени за „геноцид“. Таа изјави дека колку и да се различни гледиштата на Турција и Германија во врска со одредени теми, тие имаат имаат широк спектар на пријателски и стратешки односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата во владата на Германија одржаа заедничка прес-конференција, истакнувајќи дека се разговарало за можните последици од одлуката на германскиот Бундестаг.
„Германија и Турција ги поврзуваат многу нешта. Можно е да имаме различни гледишта во однос на одредени теми, но имаме широк спектар на пријателски и стратешки односи. Почнувајќи од одбраната, станува збор за голем број заеднички теми“, соопшти Меркел.
Меркел истакна дека една од главните заеднички теми се трите милиони лица со турско потекло.
„Затоа јас и целата германска влада сакаме да дадеме поттик за подобрување на односите помеѓу Турција и Ерменија, поради настанот кој се случил пред 101 година и ќе дадеме сѐ што е во наша моќ двете земји да направат заедничко проценување на настанот. Од друга страна, сакаме да го заштитиме широкиот спектар на германско-турските односи. Би сакала да истакнам дека луѓето од турско потекло кои живеат во Германија се дел од државата и така и ќе останат. Покрај тоа, би сакала да посочам дека говорењето за одредени спорни прашања е дел од демократската култура“, изјави Меркел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата посочувајќи ја Турција како членка на НАТО, која е најпогодена од судирите во Сирија и другите соседни земји, истакна: „Во Турција се наоѓаат околу три милиони бегалци. Тие се директно погодени од кризата. Преживеаа и серија терористички напади. Нивните цивили се цел на ракетни напади на терористите од сириска страна. Може слободно да се каже дека Турција е под голем притисок. Турција ја има клучната улога во нашата борба против ДАЕШ. Во нашите мисии ги користиме нивните бази и објекти за сместување. Сојузниците на НАТО не војуваат само во Иран, туку и во Сирија против ДАЕШ.“
Зборувајќи за прифаќањето на резолуцијата од страна на германскиот Бундестаг, Столтенберг изјави: „Турција е членка на НАТО, а Ерменија е земја која НАТО ја цени како партнер. Одлуката на германкиот парламент не е во рамките на доменот на НАТО. Се надевам дека во најкус временски рок Турција и Ерменија ќе ги нормализираат своите односи. Наша задача е да направиме сѐ што е во наша моќ да сe намали тензијата меѓу двете земји.“