Handan Kazancı
29 Април 2022•Ажурирај: 02 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 3.000 луѓе загинаа или исчезнаа додека се обидуваа да преминат во европските земји во 2021 година, изјави денеска претставник на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Луѓето загинаа или исчезнаа додека се обидуваа да го преминат Централниот и Западниот Медитеран и Атлантикот во Европа“, изјави портпаролката на УНХЦР, Шабија Манту на прес-конференција во Женева.
Манту го цитира новиот извештај на УНХЦР, кој, исто така повика на итна помош „за да се спречат смртни случаи и да се заштитат бегалците и барателите на азил кои тргнуваат на опасни патувања по копно и море“.
Во 2021 година, според извештајот, вкупно 1.924 лица биле пријавени за мртви или исчезнати на рутите на Централниот и Западниот Медитеран, додека дополнителни 1.153 загинале или исчезнале на северозападна африканска поморска рута до Канарските Острови.
Бројот на пријавени за починати во 2020 година на двете рути изнесува 1.544.
„Од почетокот на годината, уште 478 луѓе, исто така загинаа или исчезнаа во море“, се додава во соопштението.
„Повеќето од морските премини се одвиваа во преполни, неспособни за пловидба, чамци на надувување - од кои многу се превртеа или беа издувани што доведе до загуба на животи“, се додава.
УНХЦР, исто така, упати повик за 163,5 милиони долари за помош и заштита на илјадници бегалци за својата нова стратегија за заштита на бегалците.