Betül Yürük
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, изрази длабоко жалење поради смртта на новинарот Кашоги и повика на брза, сеопфатна и транспарентна истрага, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на генералниот секретар на Стефан Дујарич објави соопштение откако е потврдена смртта на саудискиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги.
Во соопштението на Дујарич се наведува дека Гутереш изрази длабоко жалење поради смртта на Кашоги и упати пораки на сочувство до неговото семејство и пријателите. Гутереш повика да се спроведе брза, сеопфатна и транспарентна истрага и да се преземе одговорност.
Саудиска Арабија синоќа соопшти дека новинарот Кашоги починал по расправија во саудискиот Конзулат. Според наводите на саудиската државна телевизија, 18 државјани на Саудиска Арабија се приведени поради смртта на Кашоги во Конзулатот на оваа држава во Истанбул.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги е познат како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.