Selçuk Acar
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Првата жена со хиџаб во американскиот олимписки тим, која во Рио освои бронзен медал во мечување, Ибтихај Мухамед, упати отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трам, во кое ја изразува загриженоста поради актуелната состојба во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Тајм“ го објави отвореното писмо во кое олимпијката истакнува дека актуелната атмосфера во Америка им наштетува на основните вредности како правда и еднаквост во општеството, и во име на американските идеали изразува загриженост поради актуелната кампања против тероризмот.
Нагласувајќи дека најголема чест заа неа билo претставувањето на САД на Олимпијадата во Рио, Мухамед го повика претседателот Трамп да ги отстрани бариерите и проблемите со кои муслиманите се соочуваат во таа земја.
„Слушајќи ве, добивам впечаток дека оддавате сосема поразлична слика за општеството. Може да се заклучи дека имигрантите не ги третирате како жртви на тероризмот, туку како извор на тој проблем. Мислам дека лошо го третирате придонесот што нашата земја го даде во згрижувањето на бегалците. Давате причина да помислам дека вие во мојот превез гледате извор на страв и сигнал на закана. Рековте дека сметате оти исламот е против Американците. Тоа не само што е погрешно, туку воедно поттикнува страв, омраза и насилство над муслиманите“, порача Мухамед во писмото до претседателот Трамп.
Мухамед истакна дека не сака да верува во изјавите на Трамп, и дека е јасно оти тој американските муслимани ги смета за граѓани од втор ред.
„Атмосферата на страв и омраза што започнавте да ја ширите за време на предизборната кампања, ја интензивиравте со влегувањето во Белата куќа. По вашиот избор за претседател сум приведувана на аеродромите како осомничена. На улиците на Њујорк ми велат да се вратам во земјата од каде што потекнувам. Тоа не е Америка што ја познавам и тоа не е Америка што светот сака да ја види како лидер и како пример“, порача олимпијката Мухамед.
Таа во понатамошниот текст на отвореното писмо истакнува дека тероризмот не е поврзан со имигрантите, а дека актуелната атмосфера во американското општество им штети на вредностите на правда и еднаквост.