Behlül Çetinkaya
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
ИСЛАМАБАД (AA) – Како последица на обемните снежни врнежи, што од неделата го погодија Пакистан, смртно настрадаа најмалку 41 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имран Заркон, челникот на Агенцијата за вонредни ситуации во Белуџистан, рече дека 22 лица смртно настрадале откако дошло до рушење на кровот. Блокирани се и сообраќајници и аеродроми.
Обемните врнежни во Азад Џаму и Кашмир и во Синдх и Пунџаб предизвикаа поплави.
Податоците на Националната агенција за управување со катастрофи (НДМА) покажуваат дека во буиците во Кашмир настрадале 15 лица, во Синдх едно, додека во Пунџаб три лица.
Поради снегот се отсечени и многу села во Белуџистан и Хајбер Пахтунви.
Во акциите за спасување на 500 луѓе, кои се заглавени на блокираните сообраќајници, учествува и војската, како и хеликоптери.