Yusuf Hatip
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Во југозападниот дела на Пакистан, во подрачјето на Мастунг се случи сообраќајна несреќа меѓу автобус и камионет. Според првичните проценки, во несреќата животот го загубија 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на полицијата информираа дека автобусот кој се обраќал на релацијата Сиби - Куета се судрил со камионет кој доаѓал од спротивниот правец, при што во несреќата животот го загубија 14 лица, а 25 лица се повредени.
Официјалните претставници стравуваат од зголемување на бројот на загинати, бидејќи меѓу повредените кои се префрлени во државната болница во Куета има и лица кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба.