Behlül Çetinkaya
23 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Двајца полицајци го загубија животот при вооружен и бомбашки напад врз кинескиот Конзулат во Карачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Амир Шаих, началник на полицијата во Карачи, информираше дека во нападот во подрачјето на Клифтон Блок 4 во овој град, 3-члена група, користејќи оружје и бомби се обидела да влезе во Конзулатот.
Во судирот меѓу групата и полицијата која сакала да ги спречи да влезат во Конзулатот, двајца полицајци го загубиле својот живот, а еден е повреден.
Семи Џемали, портпарол на болницата „Џинах“, изјави дека повредениот полицаец е во тешка состојба.
Шаих рече дека инцидентот се случил во влезот на делот на издавање визи во Конзулатот, и дека тие што се наоѓале таму и кинеските службеници на најбрз начин биле внесени во зградата и ги затвориле вратите.
Во возилото на тројцата напаѓачи што биле убиени од страна на полицајците од Конзулатот, било пронајдено голем број експлозив, оружје и самоубиствени бомбашки елеци.
Ослободителната армија на Белиџистан, која ја презеде одговорноста за нападот, ги сподели фотографиите на терористите.
На местото на настанот се упатени голем број специјални полициски и безбедносни екипи, а во околината на Конзулатот се преземени безбедносни мерки.
Местото каде што е извршен нападот е во близина на новата зграда на турскиот Конзулат.
- Кинеските дипломати се безбедни
Шахот Махмуд Куреши, министер за надворешни работи на Пакистан, во својата изјава по нападот го осуди извршениот напад.
„Го изразувам своето сочувство до нашите полицајци шехиди коишто го запреа кукавичкиот напад на терористите. Кина и Пакистан ќе ги поразат оние што сакаат да го стопираат нашиот напредок“, додаде тој.
„Случајот е под наша контрола, подрачјето е целосно исчистено. Сите вработени во кинескиот Конзулат и дипломатите се безбедни“, нагласи пакистанскиот министер за надворешни работи.