Yusuf Özcan
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, најави дека Франција може да ја доживее најголемата економска рецесија од 1945 година поради новиот вид коронавирус Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Ле Мер имаше обраќање во францускиот Сенат за последиците од Ковид-19 врз економијата на земјата.
„Најлошата цифра за раст која Франција ја има остварено од 1945 година е таа по големата економска криза во 2008 година. Тогаш изнесуваше 2,2. Оваа година веројатно ќе биде над минус 2,2 отсто“, рече Ле Мер.
Инаку, според владините податоци, бројот на лица што останаа без работа поради Ковид-19 во Франција е зголемен на пет милиони.
Отпуштените ќе добијат 70 отсто од нивната бруто-плата од државата како надомест.