Nour Mahd Ali Abu Aisha,Gülşen Topçu
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ГАЗА (АА) - По повод одбележувањето на 68-годишнината од израелската окупација која Палестинците ја нарекуваат „некбе” (Голема катастрофа), во Газа одржана е масовна протестна прошетка на која Палестинците го осудија продолжението на израелската окупација и пасивноста на меѓународната заедница кон страдањето на палестинскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
На покана на Комитетот на палестински движења и групи, денес во Газа се собраа околу стотина Палестинци кои протестираа пред седиштето на УНЕСКО, во западниот дел на Газа.
Слични собири се одржани ширум Палестина.
На собирот во Газа учествуваа симпатизерите на сите палестински организации, вклучувајќи го Фатах и Хамас, а демонстрантите носеа транспаренти со пораки „Ќе се вратиме, сигурно” и „Борбата и единството се патот на враќањето”.