Ekipa
03 Јули 2023•Ажурирај: 05 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Папата Франциск го осуди палењето на светата книга Куран во Шведска, пренесува Анадолу.
„Секоја книга што се смета за света од нејзините автори мора да се почитува од респект кон оние што веруваат во неа“, рече папата во интервју за весникот на Обединетите Арапски Емирати „Ал-Итихад“, објавено денес.
„Се чувствувам лут и згрозен поради овие постапки“, нагласи тој.
„Слободата на говор никогаш не смее да се користи како средство за презир кон други, а дозволувањето на тоа треба да се отфрли и осуди“, додаде папата.
Минатата недела лице идентификувано како Салван Момика запали примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред џамија во Стокхолм, Шведска.
Неговиот провокативен чин беше темпиран да се совпадне со Курбан бајрам, еден од најголемите исламски верски празници што го слават муслиманите насекаде во светот.
Актот предизвика голема осуда од целиот исламски свет и реакции од Туркије, Јордан, Палестина, Саудиска Арабија, Мароко, Ирак, Иран, Пакистан, Сенегал, Мароко и Мавританија.
Во јануари екстремно десничарски политичар, исто така, запали примерок од Куранот пред турската Амбасада во Шведска.