Ekip
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Полицијата во Париз во голем број се распоредува, а активистите повикуваат на смиреност, додека главниот град на Франција се подготвува за масовни протести на првата годишнина на претседателскиот мандат на Емануел Maкрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите ветија дека ќе сторат сé за да се избегне насилството и штетата кои настанаа на неодамнешните протести за Први мај.
Судот во саботата соопшти дека седум лица се обвинети за немирите кои ги предизвикаа демонстрантите на првомајските протести. Тие беа забележани како палат автомобили и го уништуваат ресторанот „Мекдоналдс“ и други продавници. Властите ги обвинија маскираните членови на анархистичката група позната како „Црни блокови“ за немирите кои се случија на Мировниот марш на трудот.
Затоа, градските власти во Париз наредија денешните протести на улиците да бидат обезбедувани од 2.000 полицајци.
Организаторите на протестите од екстремната левичарска партија, „Defiant France" ги предупредија проблематичните луѓе да се држат настрана од нив.
Оваа партија не е задоволна од планираните реформи на Макрон, како што се укинувањето на некои работнички права и зголемувањето на полициските овластувања.