Zehra Ulucak
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ПАХОА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го потресе Хаваи, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот го потресе Хаваи по ерупцијата на вулканот Килауеа, што резултираше со евакуација на илјадници луѓе.
Од Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави соопштија дека епицентарот бил на 16 километри југозападно од Леилани на длабочина од пет километри.
Директорот на Центарот за предупредување од цунами, Чип Мекрејри, истакна дека ова е најголемиот земјотрес по оној од 7,5 степени регистрирани во 1975 година.
Земјотресите со јачина од 6,7 степени ја потресоа оваа област во 1983 и 2006 година. Населението е евакуирано во безбедни области. Предупредувањето е на највисоко ниво, а туристите се советуваат брзо да ја напуштат областа.
Сè уште нема информации за човечки жртви или за материјална штета.