Amina Zorniç
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Ако продолжат сегашните трендови на плаќање во Шведска, оваа скандинавска земја би можела наскоро да стане земја во која нема плаќање во готово, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британски "The Guardian", во Шведска пари во кеш сè помалку се користат, а невозможно е да се користи во јавниот превоз, автобусите и возовите, додека законско право е на трговците да ги одбијат тие пари.
Според податоците на шведската централна банка "Riksbank", готовинските трансакции на сите плаќања во Шведска минатата година изнесувале „едвај два проценти”.
Исто така, околу 900 од 1600 банкарски филијали во Шведска веќе нема готовина, додека во речиси сите рурални средини нема банкомати.
„Во практика, Шведска ќе стане безготовинско општество во рок од пет години”, вели Никлас Арвидсон, професор за иновации во платниот систем на Stockholm Royal Institute of Technology (KTH).
Статистичките податоци покажуваат дека Швеѓаните користат дебитни картички трипати повеќе во споредба со другите граѓани на Европската унија.