свет

Пацифичкиот брег на Перу погоден од земјотртес со магнитуда од 7,2 степени

„Земјотресот имаше многу мала длабочина од 28 километри и беше почувствуван широко во областа“

Gizem Nisa Çebi  | 28.06.2024 - Обновена : 28.06.2024
Пацифичкиот брег на Перу погоден од земјотртес со магнитуда од 7,2 степени

ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени го погоди Јужниот Тихи Океан, 91 километар југоисточно од Сан Хуан де Маркона во Ика, Перу, рано утрово, објави Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), потресот се случил денес во 12:36 часот според времето во Лима во провинцијата Наска во регионот Ика.

„Земјотресот имаше многу мала длабочина од 28 километри и беше почувствуван широко во областа“, објави „Волкано дискавери“.

Жителите на регионот Ика и околните области пријавија интензивен потрес, иако деталните процени за штетите и жртвите сè уште се во тек, се додава.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема закана од цунами, но подоцна предупреди дека бранови со височина до три метри се „можни покрај некои брегови“.

Властите внимателно ја следат ситуацијата и се координираат со локалните служби за итни случаи за да обезбедат брза реакција и помош.

Сеизмичката активност не е невообичаена за овој регион, кој се наоѓа покрај Огнениот Прстен на Пацификот, познат по честите земјотреси и вулкански ерупции.

„Имаше најмалку три земјотреси над 7 степени од 1900 година, што сугерира дека поголеми земјотреси од оваа јачина се случуваат ретко, веројатно во просек приближно на секои 40-45 години“, објави „Волкано дискавери“.

Американскиот геолошки институт соопшти дека продолжува да ги следи последователните потреси и потенцијалот за натамошна сеизмичка активност.

На жителите им се советува да останат внимателни и да ги следат безбедносните протоколи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın