Ekip
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
АГУАС ВЕРДЕС (AA) – Илјадници жители на Венецуела преминуваат во Перу неколку саати пред стапување во сила на новите прописи кои ќе им го отежнат доаѓањето во оваа јужноамериканска земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Перу тргна кон стапките на другите земји кои примаат мигранти од Венецуела кои бегаат поради економската криза, така што во иднина за влегување ќе им бараат пасош.
Добивање пасош во Венецуела станува се потешко поради недостаток на документи. Добивање термин за предавање барање може да потрае со месеци.
Според проценките на Обединетите нации од 2014 година околу 2,3 милиони жители на Венецуела избегале од таа земја. Многумина поминуваат долг пат преку Колумбија и Еквадор со надеж дека ќе дојдат до Перу.
Функционерите на Перу соопштија дека во земјата секојдневно влегуваат околу 3.000 државјани на Венецуела.