Ahmet Gürhan Kartal
24 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Вистинското име на напаѓачот кој во средата го изврши нападот на британскиот Парламент е Адријан Расел Ajao, соопшти полицијата денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот првично беше идентификуван како Калид Масуд (52) бидејќи како што соопшти полицијата, тој користел неколку псевдоними во текот на својот живот.
Во соопштението издадено од главното седиште на полицијата во Лондон, британскиот заменик-комесар во полицијата, Марк Роули изјави дека четвртата жртва од нападот, Лесли Роудс, 75, синоќа им подлегнал на повредите.
Во нападот се убиени и полицаецот Кит Палмер, учителката Ајша Фраде и американскиот турист Курт В. Кохран. Напаѓачот беше неутрализиран откако го прободе со нож и го усмрти полицаецот Палмер пред зградата на Парламентот.
Роули соопшти дека во нападот се повредени 50 лица. Три лица сѐ уште се во критична состојба, со повреди опасни по живот.
Роули додаде дека во текот на ноќта се уапсени уште две лица во Западен Мидлендс и на северозапад. Девет лица се во притвор, а едно женско лице е пуштено со кауција.
Во претресите извршени на 17 адреси, пронајдени се 2.700 предмети, вклучувајќи и компјутерски податоци во голем обем.
Напаѓачот во средата попладне прегази пешаци на мостот Вестминстер со СУВ возило, а потоа го прободе со нож и го усмрти полицаецот кој беше на должност пред британскиот Парламент.