Leyla Ataman Koyuncuoğlu
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Светската популација во 1960 година изнесуваше три милијарди лица, а тој број за 40 години се удвои. Порастот на бројот на жители на планетата и понатаму е актуелен, а во 2050 година тој би требало да достигне бројка од девет милијарди, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Светската банка, до кои дојде АА, светската популација до крајот на годината би требало да достигне бројка од 7,6 милијарди, а овој број до 2050 година би требало да се искачи на рекордни девет милијарди.
Меѓу 216 земји во светот, според бројот на жителите во предност е Кина, со 1.378.665.000 жители, што значи дека 18,5 од вкупното население го сочинуваат Кинезите. Бројот на жители во Кина е четирипати поголем од популацијата на САД.
На второ место се наоѓа Индија, со 1.324.171.000 жители, што е 17,8 отсто од вкупната светска популација. По Индија се САД со 323.127.000 жители, потоа Индонезија со 261.115.000 и Бразил со 207.652.000 жители.
Населението од овие пет земји, Кина, Индија, САД, Индонезија и Бразил сочинува речиси половина од светската популација, поточно 47 отсто. По петте најнаселени земји следуваат Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија и Мексико.
Податоците на Светската банка покажуваат дека светската популација во 1960 година изнесувала три милијарди лица, а овој број во 2000 година се удвол, па тогаш на планетата живееле 6,1 милијарда лица. Во 2016 година, светската популација изнесуваше 7,4 милијарди лица.