Atila Altuntaş
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Избувна пожар во дом за бегалци во градот Гевле, во јужниот дел на Шведска, каде што престојуваат 70 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на шведската државна телевизија, СТВ, полицискиот началник Микаел Линдгрен истакнува дека противпожарните возила интервенирале во пожарот кој избувнал во утринските часови. Тој пренесе дека предизвикана е голема материјална штета поради тоа што зградата имала дрвен покрив.
Линдгрен информираше дека домот бил евакуиран за кратко време, а како што нагласи, нема починати ниту повредени.
Тој додаде дека започната е истрага во врска со случајот, и нагласи дека постојат сомненија оти домот е запален.