Emre Gürkan Abay
25 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Најмалку 11 лица смртно настрадаа во пожарот кој избувна во рудник за јаглен во местото Кемерово, Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за итни состојби на Русија, пожарот избувнал на длабочина од околу 250 метри во рудникот за јаглен во Камерово.
Се истакнува дека поради пожарот и настанатиот чад, од рудникот биле евакуирани 239 лица.
Во соопштението се вели дека во пожарот загинале најмалку 11, а повредени се 45 лица.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави порака со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, во изјава за медиумите истакна дека Путин дал инструкции за мобилизирање со сите можности за операциите за спасување во рудникот кои сè уште се во тек.