Selçuk Acar
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ЊУЈОРК (AA) - Шумските пожари, кои од недела беснеат на подрачјето на Калифорнија, сеуште не се ставени под контрола и на сила е вонредна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Службените лица оценија дека станува збор за најразорниот пожар од 1933. година на подрачјето на Калифорнија. Истакнаа дека е направен голем исчекор кога станува збор за гасење на пожарот, но дека екипите на теренот сеуште се борат со огнената стихија.
Потврдено е дека бројката на мртвите е зголемена на 36 и дека се уништени околу 5.700 стамбени објекти. Кога се во прашање човечките жртви, воглавно, станува збор за постари лица који загинаа на подрачјето на Соном.
Без електрична енергија и гас останаа околу 34.000 домаќинства. Во гасење на пожарот ангажирани околу 9.000 пожарникари.
Пожарите кои избувнаа од почетокот на годината на подрачјето на САД нанесоа штета од околу две милијарди долари.