свет

Пожарникарите гаснат голем пожар во Истра, Хрватска

- „Нема закана за населените места и веруваме дека пожарот наскоро ќе биде локализиран“, изјави командирот на Противпожарната бригада на Истарската жупанија Дино Козлевац.

Elvır Hodzıc  | 13.07.2024 - Обновена : 18.07.2024
Пожарникарите гаснат голем пожар во Истра, Хрватска

ПУЛА (АА) - Голем пожар избувна ова утро во Истра, во областа Бале, каде гори белогорична шума (од зимзелени и листопадни дрвја), ниска вегетација и трева, известува Анадолу.

Хрватската противпожарна единица соопшти дека пожарот кај Бале го гаснат 40-тина пожарникари со 12 противпожарни возила, а на помош пристигнале и два авиони Канадери.

„Нема закана за населените места и веруваме дека пожарот наскоро ќе биде локализиран“, изјави командирот на противпожарната служба на Истарската жупанија, Дино Козлевац.

Ви исто време, Здружението на хрватската противпожарна бригада предупреди дека поради жештините постои голема опасност од избувнување на пожари во Далмација.

Се апелира до граѓаните на дополнителна претпазливост, особено во подрачјето на Шибеник, Сплит и Дубровник.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın