Tayfun Salcı
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција го соопшти идентитетот на третиот напаѓач од Лондонскиот мост, а станува збор за 22-годишниот Јусеф Загхба, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Скотланд Јард потврдија дека Загхба е третиот напаѓач, покрај Курам Шазад Бат (27) и Рашид Редоне (30) чии идентитети беа откриени многу порано.
Од таму истакнаа дека Загхба е италијански државјанин со мароканско потекло и дека не е на листата на следење од внатрешната разузнавачка агенција МИ5.
Курам Шазад Бат е британски државјанин роден во Пакистан, а се верува дека Редоне е роден во Мароко или во Либија.
Потсетуваме, најмалку седум лица загинаа, а 48 беа повредени во саботниот терористички напад што се случи во центарот на Лондон.
Нападот се случи кога напаѓачите со комбе влетаа во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа напуштајќи го возилото, со ножеви ги нападнаа луѓето на пазарот Бороу, каде што полицијата успеа да ги убие сите тројца напаѓачи.
Полицијата го опиша нападот како терористички и приведе 12 осомничени кои подоцна беа ослободени.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.