Hacer Başer
30 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Помпео, во текот на својата посета на Израел истакна дека Израел е исклучително значаен партнер за САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Кабинетот на израелскиот премиер, американскиот државен секретар слетал на аеродромот „Бен Гурион“, во главниот град на Израел, Тел Авив, а потоа остварил средба со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Помпео на средбата со Нетанјаху истакнал дека Израел е исклучително значаен партнер за нив, и дека тие имаат посебно место во неговото срце.
„Вие сте наш исклучително значаен партнер. Имате посебно место во моето срце“, рече Помпео за време на средбата обраќајќи му се на Нетанјаху, се вели во соопштението каде се додава дека Нетанхају му честитал на Помпео за новата функција, државен секретар на САД.
По Саудиска Арабија, Помпео го посети и Израел.