Şilan Turp
02 Ноември 2025•Ажурирај: 03 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку 28 лица загинаа во поплавите и свлечиштата по обилните дождови во централен Виетнам, известува Анадолу.
Информативната интернет страница ‘VN Express’ објави информации во врска со соопштението на виетнамските власти поврзано со катастрофите предизвикани од континуираните обилни дождови во централниот дел на земјата.
Властите во соопштението наведуваат дека најмалку 28 лица загинале во поплавите и свлечиштата, а 6 се водат како исчезнати откако биле однесени од надојдените води.
Најголем број на жртви се пријавени во градовите Хуе и Да Нанг, каде што се поплавени приближно 22.100 домови, а бројни згради се оштетени.
Властите објавија дека приближно 245.000 домаќинства во регионот се без електрична енергија.
Се наведува дека некои железнички услуги коишто биле суспендирани поради поплави и свлечишта повторно се рестартирани, а некои патишта сè уште се затворени за сообраќај.
Се очекува обилните дождови да продолжат до ноќта на 4 ноември.
Виетнамската метеоролошка служба на 28 октомври објави дека врнежите од дожд во Хуе за 24 часа достигнале рекордно ниво.