Ekipa
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
КУВАЈТ (АА) - Авион на германска авиокомпанија од Оман слета во Кувајт поради закана од бомбашки напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кувајтскaта државна новинска агенција Куна јавува дека авионот од оманскиот град Салалах на летот кон Келн денес наутро е приземјен поради закана за поставена бомба.
Според пишувањето на Куна, околу 300 патници се евакуирани од авионот, а полицијата го пребарува авионот.
Единствениот авион што полетал утрово од Салалах за Келн е авионот на нискобуџетната германска компанија Еуровингс, Ербас EW117.
Од оваа компанија сè уште не се огласија по повод настанот.