Hasan Esen
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Петнаесет лица се хоспитализирани поради испарување на токсична супстанција во зградата на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Токсичниот чад се појави во раните утрински часови во кујната, по што екипите за брза помош, противпожарни возила, како и полициска патрола беа испратени на местото на настанот.
Хоспитализирани се 15 лица, а евакуирана е зградата на ЕУ. Од Советот на ЕУ беше објавено дека појавата на отровниот чад се должи на дефект на системот за вентилација.
Тие додадоа дека во тек е истрагата за овој настан, која нема да го спречи одржувањето на Самитот на лидерите на ЕУ, закажан за следната недела.