свет

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија Попов е приведен под сомнение за измама

Истражниот комитет тврдеше дека Попов бил одговорен за развојот и функционирањето на паркот „Патриот“, во кој се наоѓа руската воена опрема, во периодот од 2021 до 2024 година и дека во тоа време проневерил пари.

Dmitri Chirciu  | 29.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија Попов е приведен под сомнение за измама

МОСКВА (АА) - Поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија, Павел Попов, е приведен под сомнение дека „ја измамил државата“, известува Анадолу.

Рускиот Истражен комитет објави дека Попов е приведен во рамките на истрагата поведена поради сомнение за измама.

Истражниот комитет тврдеше дека Попов бил одговорен за развојот и функционирањето на паркот „Патриот“, во кој се наоѓа руската воена опрема, во периодот од 2021 до 2024 година и дека во тоа време проневерил пари.

На почетокот на август поднесена е тужба против бригадниот генерал Владимир Шестеров, заменик- началник на Одделот за иновативен развој на руското Министерство за одбрана и против директорот на паркот „Патриот“, Вјачеслав Ахмедов, поради сомнение за измама.

Претходно под обвинение за поткуп беа приведени заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов и началникот на Секторот за човечки ресурси во Министерството за одбрана Јуриј Кузњецов.

Во мај беше објавено дека е приведен и поранешниот командант на руската армија генерал-мајор Иван Попов, под сомнение за измама.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.