Alyssa Mcmurtry
08 Август 2024•Ажурирај: 09 Август 2024
ОВИЕДО (АА) - Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон утрово го имаше своето прво јавно појавување во Барселона откако побегна од Шпанија во 2017 година, говорејќи на собир, јавува Анадолу.
Каталонската полиција имаше наредба веднаш да го уапси, но Пуџдемон успеа да зборува неколку минути пред каталонскиот Парламент.
По митингот тој исчезна.
Според шпанската телевизија РТВЕ, тој не е уапсен.
„Дојдов овде да ве потсетам дека сè уште сме тука. Правото на самоопределување му припаѓа на народот – никој нема право да го негира правото на Каталонија да одлучува за својата иднина“, рече тој за време на краткиот говор пред брзо да замине од бината.
Откако го предводеше неуспешниот обид за независност во 2017 година за отцепување на Каталонија од Шпанија, тој беше баран од шпанскиот правосуден систем.
Неговото враќање коинцидира со закажаната церемонија на полагање заклетва на лидерот на Социјалистичката партија, Салвадор Ила, како нов претседател на Каталонија.
Пуџдемон, исто така, се кандидираше на изборите, но сепаратистите го загубија мнозинството првпат по неколку години.
Тој освои место, но церемонијата на полагање заклетва започна без него.
- Налогот сè уште е активен -
Тензиите пораснаа откако членовите на неговата партија, Заедно за Каталонија, изјавија за РТВЕ дека тој ќе се појави во Парламентот за да го заземе своето место.
Сепак, останува неизвесно како би можел да го заобиколи силното обезбедување пред зградата.
Полицијата распореди сили и околу Барселона во случај тој да се обиде да побегне, објави Ел Паис.
Пуџдемон веќе успеа да стигне до центарот на Барселона откако ја премина границата од Франција и покрај големото полициско присуство.
Претходно оваа година шпанската Влада усвои закон за амнестија, со кој требаше да се отвори пат за негово враќање во Шпанија.
Сепак, Врховниот суд одлучи дека обвинението за проневера не може да се прости, па налогот за апсење остана активен.
„Денес многумина сакаат да го прослават моето апсење. Тие дури слават непочитување на законот за [амнестија] донесен од шпанскиот Парламент. Оваа грешка повторно ќе го тресне кредибилитетот на Шпанија на земја“, рече тој.