Ali Cura
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
КИЕВ (АА) - „И фитилот на војната, и копчето за мир се наоѓаат во Москва. Тие се во рацете на едно лице кое има империјални амбиции“, истакна претседателот на Украина, Петро Порошенко, јавува Anadolu Agency (AA).
Порошенко ја критикуваше Русија во својот говор на настанот насловен „Првата минута на мирот“, организиран по повод годишнината од капитулацијата на Германија во Втората светска војна.
Тој нагласи дека Украинците се наоѓаат во првите борбени линии, исто како во Втората светска војна, и посочи дека овој пат се води борба против Русија за демократски вредности, за владеењето на правото и за слободен свет.
Порошенко истакна дека е спречена активната војна благодарение на храброста на украинските војници, како и со напорите на дипломатите. „И фитилот на војната, и копчето за мир се наоѓаат во Москва. Тие се во рацете на едно лице кое има империјални амбиции“, изјави тој.
Порошенко тврди дека и покрај добрата волја на Киев, руската агресија продолжува во Донбас (Доњецки басен). Тој нагласи дека руската хибридна војна никогаш не го почитувала примирјето.
Претседателот Порошенко додаде дека не може да се напредува сѐ додека не се исполни безбедносниот услов кој има клучна улога во регионот во процесот на Минск.