Şenhan Bolelli
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - При интрвенцијата на шпанската полиција и жандармерија поради референдумот во Каталонија, повредени се 337 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
- Шпанската полиција го спречува референдумот во Каталонија -
Портпаролот на каталонската автономна администрација Џорди Турул ги информираше новинарите за интервенцијата на претставниците на шпанските безбедносни сили. Тој соопшти дека за време на полициската интервенција се повредени 337 лица. Турул рече дека меѓу повредените има лица во тешка здравствена состојба.
Во меѓувреме, безбедносните сили кои се дел од централната влада во Шпанија, интервенираат во големите и малите градови и ги конфискуваат гласачките ливчиња и кутии.
Но и покрај полициската интервенција, продолжува гласањето во некои места во Каталонија.