Hacer Başer
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
САНА (АА) - Јеменското бунтовничко движење на Хусите тврди дека во Сана, главниот град на Јемен, собориле беспилотно летало на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на каналот „Ел-Месире” кој им припаѓа на Хусите, соборено е беспилотно летало на САД кое летало над Сана.
За собереното летало се вели дека е од моделот „MQ-9 Reaper“.
Засега сѐ уште нема никакви информации од страна на САД во врска со случајот.