Sibel Uğurlu
03 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
САМАРКАНД (АА) - Илјадници Узбекистанци се собраа во Самарканд, родниот град на поранешниот претседател Ислам Каримов (78), со цел да оддадат почест и последен пат да се збогуваат од првиот претседател на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Погребната поворка со телото на Каримов утрово тргна од главниот град Ташкент на пат кон Самарканд каде долгогодишниот лидер на Узбекистан ќе биде закопан на семејните гробишта.
Илјадници луѓе со солзи и цвеќе во рацете оддадоа почест на претседателот Каримов, кој вчера почина во болницата во Ташкент каде претходно беше хоспитализиран поради мозочен удар.
На погребот ќе присуствуваат претседатели и преставници на влади од неколку земји.
Каримов стана претседател на Советската Социјалистичка Република Узбекистан на 24 март 1990 година. Откако Узбекистан ја прогласи независноста во 1991 година, тој стана првиот претседател на таа земја.