Bahtiyar Abdukerimov
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ТАШКЕНТ (AA) – Претседателот на Узбекистан, Ислам Керимов (78) почина во болница во Ташкент, каде што претходно е хоспитализиран поради мозочен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Ќерката на претседателот, Лола Керимова, претходно на социјалните мрежи соопшти дека нејзиниот татко во саботата претрпел тежок мозочен удар и дека е згрижен во болница.
Керимов стана претседател на Советската Социјалистичка Република Узбекистан на 24 март 1990 година. Откако Узбекистан ја прогласи независноста во 1991 година, тој стана првиот претседател на таа земја.