Fatih Erel
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Делегацијата на сириската опозиција на мировните преговори во Женева вчера ги повика големите сили да извршат притисок врз режимот на Асад за и тој да земе учество, јавува Anadolu Agency (AA).
„Делегацијата на режимот сѐ уште не пристигна на осмиот круг од преговорите кои треба да започнат денес“, изјави за АА Наср ал Харири, шеф на опозициската делегација.
Опозицијата сака режимот да учествува на преговорите за политичка транзиција, нов устав и избори.
Харири изјави дека на првиот ден од преговорите, опозициската делегација ќе се состане со претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.
Тој повтори дека опозициската делегација има за цел Башар ал Асад да се острани од власта со политичка транзиција.
„Делегацијата на владата треба да дојде подготвена за преговори“, изјави Де Мистура вчера, во брифингот од Женева, за Советот за безбедносност на ОН.
„Минатата вечер добивме порака дека владата нема да учествува во преговорите во Женева денес“, изјави де Мистура, додавајќи дека делегацијата била задолжена да преговара во Женева без никакви предуслови, да дискутира за прашањата на дневен ред и да ги имплементира релевантните резолуции на ОН како единствена референца за преговорите.