Yusuf Özcan
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
ПАРИЗ (АА) - Франција потпиша договор со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за продажба на 80 борбени авиони од типот „Рафал“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ги посети ОАЕ, потпиша договор со престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал Нахјан, за продажба на 80 борбени авиони од типот „Рафал“ и 12 хеликоптери“, се соопштува од Елисејската палата.
Наведено е дека оваа продажба е резултат на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Испораката на авионите би требало да започне од 2027 година, а станува збор за рекордна продажба на борбени авиони која Франција ја извршила досега.
Франција претходно продаде 54 борбени авиони од типот „Рафал“ на Египет, 36 на Катар и 36 на Индија.