Şeyma Uzundere
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
АНКАРА (АА) - Холандскиот инженер Лу Отенс, пронаоѓачот на аудиокасетите, почина на 94-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), неговото семејство соопшти дека Oтенс починал во саботата, на 6 март, во селото Дуизел, во холандската провинција Северен Брабант.
Инженерот Oтенс, кој во 1960 година ја презеде единицата за развој на производите на „Филипс“, една од најголемите електронски компании во светот, заедно со неговиот тим ја разви аудиокасетата.
Изумот на холандскиот инженер, кој беше претставен на Саемот за електроника во Берлин 1963 година, придонесе музиката да биде достапна секаде, поради што предизвика голем интерес во светот.
Се проценува дека бројот на продадени аудиокасети низ светот од нивното лансирање е околу 100 милијарди.