Şerife Çetin
11 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ДОХА/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во катарскиот главен град Доха се состана со катарскиот емир шејх Темим бин Хамед Ал Тани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу информацијата ја потврди преку објава на својот Твитер профил.
Тој напиша дека се состанал со катарскиот емир Ал Тани додавајќи дека ја поздравил улогата на Катар во напорите за решавање на спорот во Сирија.
„Со Катар ќе работиме заедно на патот кој води кон мир во Авганистан“, рече Чавушоглу, истакнувајќи дека силната соработка е во служба на регионалниот мир.
Турскиот министер престојува во посета на Катар за трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција-Русија-Катар.