Muhammed Bilal Kenasari
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Големотиражниот американски весник „Washington Post“ (Вашингтон пост) во денешниот број објави голем оглас во кој се предупредува на заканите на терористичката организација ФЕТО и повикува на екстрадиција на водачот на организацијата, Фетула Ѓулен, од Соединетите Американски Држави (САД) во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод одбележувањето на втората годишнина од обидот за воен удар во Турција, Управниот одбор за турско-американска соработка (TASC) објави оглас на цела страница во „Washington Post“ за да укаже каква закана претставува терористичката организација ФЕТО и нејзините училишта за американското општество и држава.
Управниот одбор за турско-американска соработка, кој собира околу 150 невладини организации, ги потсети читателите на „Washington Post“ на предавничкиот обид за воен удар кој беше спречен од страна на турскиот народ со излегување на улиците, и спротиставувајќи им се на пучистите на ФЕТО.
Исто така, во текстот се наведува дека главниот организатор и протагонист на тој неуспешен обид за пуч е Фетула Ѓулен кој живее во егзил во дворец во Сајлорсбург, Пенсилванија.
Управниот одбор во текстот ја повикува американската јавност да изврши притисок врз институциите за да може Ѓулен да биде предаден на правосудните институции и да биде процесуиран за злоделата.
Ѓулен во текстот се споредува со шеикот Омар Абдел-Рахман, попознат како „Слепиот Шеик“, кој е осуден на доживотен затвор поради заговор и напад кој се случи во 1993 година во Светскиот трговски центар во Њујорк.