Vakkas Doğantekin
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Издадено е предупредување за цунами за Јамајка, Куба и Кајманските Острови, откако земјотрес со јачина од 7,7 степени ги потресе Карипските Острови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се случил во 14:10 часот по локално време, 117 километри северозападно од крајбрежниот град Лусеа, во Јамајка, потврди Американскиот геолошки завод (USGS).
Епицентарот е регистриран 125 километри северозападно од Лусеа, на релативно мала длабочина од 9 километри под Земјината површина.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Американскиот геолошки завод (USGS) претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени, што потоа беше ревидирано на 7,7 степени.