свет

Претседателката на Хондурас Ксиомара Кастро ги осуди нападите на Израел врз Газа

- Кастро ги осуди нападите на Израел врз палестинскиот народ во Газа и потсети дека на 3 ноември го отповикале амбасадорот на Хондурас во Тел Авив

Sinan Doğan  | 29.06.2024 - Обновена : 01.07.2024
Претседателката на Хондурас Ксиомара Кастро ги осуди нападите на Израел врз Газа

БОГОТА (АА) - Ксиомара Кастро, претседателката на Хондурас, изјави дека ги осудува нападите на Израел во Газа, известува Анадолу.

Обраќајќи им се на поддржувачите во главниот град Тегусигалпа по повод 15-годишнината од воениот удар против поранешниот претседател на Хондурас Мануел Зелаја, Кастро рече дека таа секогаш ќе се залага за демократија, а не за државни удари.

Претседателката Кастро во своето обраќање ги осуди нападите на Израел врз палестинскиот народ во Газа и потсети дека на 3 ноември тие го отповикале амбасадорот на Хондурас во Тел Авив.

Во израелските напади од 7 октомври убиени се најмалку 37.765 Палестинци, од кои најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а повредени се 86.429 луѓе во Појасот Газа.

За повеќе од осум месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа се наоѓаат во урнатини, со разорена и уништена инфраструктура на палестинската енклавата, принудувајќи го населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, што доведе до акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.