Претседателот на турскиот Парламент, Куртулмуш, во посета на Старата скопска чаршија
- Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, ја посети историската Стара скопска чаршија, каде што се сретна со граѓаните кои му изразија срдечно добредојде
СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, ја посети историската Стара скопска чаршија, каде што се сретна со граѓаните кои му изразија срдечно добредојде, јавува Анадолу.
Во рамките на неговата официјална посета на Северна Македонија, тој учествуваше на „Комеморација во спомен на Сабахатин Заим“ на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ), по што ја посети Фондацијата Центар за исламска цивилизација (ФОЦИЦ), каде што се сретна со претставниците на фондацијата.
По оваа средба, Куртулмуш ја посети Мустафа пашината џамија, која била изградена во 1492 година од Мустафа Паша, еден од истакнатите личности во Османлиската Империја за време на владеењето на Султанот Селим Први и Султанот Бајазид Втори, и која неодамна беше реновирана од страна на ТИКА.
Спикерот на турскиот Парламент во џамијата се сретна со локалните верници кои присуствуваа на молитвата.
Изразувајќи ја својата радост што се наоѓа во историскиот османлиски град, Куртулмуш рече дека турскиот народ испратил поздрави и љубов до сите скопјани. Тој изрази надеж дека мирот, спокојството и хармонијата ќе владеат во сите региони, пред сè на Балканот и во Туркије.
Потоа, Куртулмуш продолжи кон историската Стара скопска чаршија, каде што ја посети Султан Мурадовата џамија, која исто така е реновирана од страна на ТИКА. Куртулмуш беше информиран за реставраторските работи на џамијата и имаше прилика да се сретне и разговара со граѓаните.
Во рамките на посетата, Куртулмуш ги разгледа истакнатите османлиски историски споменици, како што се Куршумли ан и Безистен во Старата скопска чаршија, а ги посети и здруженијата „Енсар“ и „Ќопру“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.