Beyza Binnur Dönmez
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Хаити денес го назначи Клод Јосеф, министерот за надворешни работи и богослужба, за нов премиер, по оставката на Јосеф Јут, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Оставката на Владата, што ја прифатив, ќе овозможи да се реши проблемот со несигурноста и да се продолжат дискусиите со цел да се постигне консензусот неопходен за политичката и институционалната стабилност на нашата земја“, соопшти Жовенел Моиз на Твитер најавувајќи го новото назначување.
Соопштението е објавено неколку часа откако Јут му ја предаде оставката на претседателот.
„Ми беше чест да ѝ служам на мојата земја како премиер“, напиша Јут на Твитер, заблагодарувајќи им се на членовите на неговата влада, како и на техничките и финансиските партнери за нивната соработка. Тој не даде повеќе информации за причината за неговиот потег.
Јут ја презеде функцијата на почетокот на март минатата година.
Хаити беше сериозно погоден од економската криза влошена поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи земјата е една од најсиромашните нации на западната хемисфера.
Малиот карипски остров со речиси 12 милиони жители досега регистрираше речиси 13.000 случаи на Ковид-19 и 251 смртен случај како последица на вирусот.