Ekipa
20 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
БЕЛФАСТ
Полицијата соопшти дека се приведени двајца тинејџери во врска со пукотницата во која е убиена новинарка за време на нередите во градот Лондондери, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Двајца мажи на возраст од 18 и 19 години се приведени во согласност со Законот за антитероризам“, соопшти полицијата.
Лира Мекки (29), новинарка во подем на полето на истражувачкото новинарство, убиена е веројатно од заталкан куршум за време на немирите во четвртокот вечер. Полицијата самиот настан го нарече „терористички чин“ и информираше дека за убиството најверојатно е одговорна група дисиденти од Нова ИРА.
Мекки се истакна во 2014 година со потресната објава на својот блог, „Писмо до мојата 14-годишна личност“, опишувајќи ја борбата за време на растењето на хомосексуалците во Белфаст, главниот град на Северна Ирска. Неодамна потпиша договор да напише книга.